Шампионатот во хокеј да не се одржува во Белорусија, бараат од ЕП

Европарламентарците побараа Меѓународната хокејарска федерација да го суспендира организирањето на шампионатот во Белорусија во 2014 година, по апсењата на стотици противници на претседателот Александар Лукашенко. „Однесувањето на белорускиот режим јасно го дисквалификува од привилегијата за организирање на голем спортски настан“ рече претседателот на Европскиот парламент Јиржи Бусек, додавајки дека веќе го испратил барањето до претседателот на федерацијата. Американскиот конгрес исто така побара хокејарите да не се натпреваруваат за шампионската титула во Белорусија.