Ерменија го зголемува бројот на војници во Авганистан

Парламентот на Ерменија гласаше денеска за значително зголемување на бројот на ерменските војници во составот на НАТО силите во Авганситан. Од досегашните 45, Ерменија ќе има 130 војници во Авганистан, со мандат до крајот на 2012-та. Ерменија има свои војници и во составот на НАТО силите на Косово.