200 уапсени демонстранти во Тунис

Околу 200 луѓе биле уапсени во Тунис по протестите за време на изминатиот викенд кои се претворија во улични нереди. Полицијата со солзавец ги растеруваше демонстрантите кои бараа оставка на владата. И покрај соборувањето на автократскиот лидер Бен Али во јануари годинава, тензиите во Тунис и натаму се големи.