Времето денеска променливо и малку потопло

Времето ќе биде променливо облачно и малку потопло. Ќе има и сончеви периоди, но ќе има и повремени врнежи од дожд, кои во попладневните часови ќе бидат со пороен карактер проследени со грмежи и со повремено засилување на ветерот. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Утринската температура се движи од два до осум, а дневната ќе биде од 16 до 23 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со поголеми врнежи од дожд. Во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд со појава на грмежи и со повремено засилување на ветерот. Утринската температура се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
Извесно стабилизирање на времето, односно претежно стабилно, суво и потопло време ќе преовладува за време на викендот.