Ричард Ховит ќе биде нов известувач за Македонија во ЕП

Британскиот европратеник Ричард Ховит ќе биде нов известувач во Европскиот парламент за Република Македонија. Според информациите на Комисијата за надворешни работи на ЕП, Ховит доаѓа од редовите на Прогресивната социјалистичка група во Европскиот парламент како член на британската Лабуристичка партија. Тој како известувач за Македонија доаѓа на местото на словенечкиот европратеник Зоран Талер, кој замина од функцијата по скандалот со корупција.