Иванов: По изборите нова динамика во преговорите за името

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во пресрет на неговата средба во Женева со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, изрази очекување дека по изборите на 5 јуни во преговорите со Грција за името ќе биде внесена нова динамика. На средба со новинарите Иванов информира дека име со географска одредница не и` одговара на Република Македонија, додека за предлогот Република Македонија (Скопје), што беше прифатлив во Букурешт, вреди да се размисли и да им се објасни на граѓаните дека со тој предлог нема да се влијае на идентитетот. Шефот на македонската држава најави дека по завршувањето на изборите, се планира средба на македонскиот преговарач Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адемантиос Василакис