Тројца милитанти убиени во Пакистан

Претставници на пакистанската разузнавачка служба тврдат дека американско безпилотно летало убило тројца милитанти во близина на границата со Авганистан. Неименуваните службеници велат дека од леталото биле испукани две ракети кои удриле возило во регионот Багхар во јужен Вазиристан. Милитантите често ја користат оваа локација за извршување на прекугранични напади во Авганистан.