Екс-министер во Египет осуден на казна затвор

Зухеир Гаранах

Медиумите во Египет јавија дека поранешниот министер за туризам бил осуден на пет години казна затвор, под обвинение за корупција. Зухеир Гаранах е вториот министер кој е осуден на затворска казна, откако претседателот Хосни Мубарак отстапи од функцијата. Минатата недела судот му изрече 12 години казна затвор на екс-министерот за внатрешни работи. Екс-претседателот, пак, кој се повлече на 11 февруари, моментално се наоѓа во болница во Шарм ел Шеик.