28 години затвор за талибанецот од Илиноис

Илустрација

Затвор од 28 години доби еден човек во САД, откако призна дека планирал да разнесе владина зграда во државата Илиноис. Осудениот Мајкл Финтон, познат и како Талиб Ислам откако премина во исламската религија, беше уапсен во септември 2009 година, откако контактирал со таен агент на владата кој се преставувал како член на Ал Каеда. Финтон планирал да крене во воздух комбе полно со експлозив пред судот во Спрингфилд, главниот град на Илиноис.