Кубанците ќе добијат право на туристички патувања?

Раул Кастро (лево)

Владата на Куба на чело со Раул Кастро најави дека планира да им дозволи на жителите на земјата да патуваат во странство на туристички посети, за прв пат по 50 години. Потегот е дел од пакет мерки кои ги најави Комунистичлката партија во Април. За сега нема детални информации кога ќе се имплементира одлуката. Во изминативе 52 години власта во Куба им дозволуваше само на проминентни работници да ја напуштаат земјата, вообичено во земји на некогашниот Советски сојуз.