НАТО демантира дека игнорирала повик за помош од Либија

НАТО ги демантира извештаите дека игнорирала повик за помош, оставајки десетици имигранти од Либија заглавени на брод во Медитеранот. Весникот „Гардијан“пишува дека на 25 март брод кој заминал од Триполи со 72 имигранти заглавил на сред море, а еден од авионите на алијансата ги игнорирал повиците за помош, по што патниците пристигнале на копно по 16 дена. Претставник на НАТО изјави дека алијансата е свесна за своите одговорности и додаде дека им била пружена помош на 500 бегалци од Триполи и околината, кои биле пренесени до Италија кон крајот на март.