Албанската опозиција тврди дека победила на изборите

Пребројувањето на гласовите од вчерашните локални избори во Албанија, што почнало неколку часови по полноќ, се уште трае. Централната избирна комисија попладнево соопшти дел од пребројаните гласови, но не потврди победа на ниту еден кандидат. Наспроти комисијата, опозициските социјалисти соопштија дека победиле во поголем број градови. „Нашите кандидати победија во најголем број од поголемите градови. Тирана е локомотивата на успехот“ изјавила Мими Кондели пратеничка на социјалистичката партија.