Јеменските безбедносни сили убиле двајца демонстранти во Таиз

Сведоци и болнички извори потврдија дека јеменските безбедносни сили стрелале кон демонстрантите денеска во градот Таиз – двајца биле убиени. Демонстрантите во Јемен преку протести бараат оставка на претседателот Али Абдула Салех, кој е на власт од 1978 година. Активистите тврдат дека 150 лица загинале од почетокот на немирите до денеска. Во Таиз, втор по големина град во државата, избиваат најмасовните демонстрации.