Излезноста на изборите во Албанија е 30 отсто

Ценралната изборна комисија соопшти дека до 14 часот, на денешните локлани избори во Албанија, правото на глас го оствариле 30 отсто од гласачите. На прес-конференција претседателот на комисијата Арбен Ристани, денешниот изборен процес го оцени како мирен, додека во однос на порблемите, рече дека се случиле во „0,1 отсто од вкупниот број гласачки места“.Во единсвениот избирачки список во земјата евиденртирани се 23.000 гласачи помалку во споредба со парламентарните избори во јуни 2009 година, меѓу другото и поради одземањето на правото на глас на лицата постари од сто години. Се гласа на 4.882 места низ земјата. Во изборната трка се повеќе од седум илјади кандидати, преставници на 56 политички субјекти од кои 45 групирани во две коалиции. Најжестока битка се води за градоначник на Тирана, помеѓу Рама, кому, доколку ја добие довербата ова ќе му биде четврт градоначалнички мандат, и демократот Љуљзим Баша, поранешниот шеф на дипломатајата и до пред изборната кампања министер за внтарешни работи.