Гласањето во Албанија се одвива без поголеми проблеми

Изборниот ден во Албанија минува без поголеми проблеми и до 11 часот, според Централната изборна комисија одзивот на гласачите се движи од 9,8 отсто во Берат до 21,4 отсто во Грамж, јавија медиумите. Во Тирана правото на глас го оствариле 8,2 отсто, додека во Драч 7,3 отсто. Поголем одзив се очекува во попладневните часови. На гласачките места во одделни делови во Тирана, правото на глас го остварија лидерите на политичките партии, како и претседателот Бамир Топи. Toj заедо со сопругата и двете ќерки гласаше во гласачкото место кое се наоѓа во основното училиште „Севете Мачи“. „Ова е еден убав ден и посакувам да им се обратам на граѓаните да го искористат истиот. Граѓаните имаат еден глас, да го дадат таму каде што сакаат. Гласајќи денеска, гласаат за своето достинсво, за напредокот на земјата“ изјави Топи. Актуелниот премиер и лидер на демократите Сали Бериша, искажа задовлство од мирниот изборен процес, упатувајќи апел до сите политички сили да придонесат за нармален изборен процес и да го признаат „дадениот глас на албанските граѓани“. Лидерот на опозициските социјалисти Еди Рама, побара од граѓаните масовно да одат да гласаат за „сопствената подобра иднина“.