Најавени 190 судења во Египет

Воените власти во Египет најавија судења за 190 лица кои биле инволвирани во вчерашните најголеми немири по протестите поради кои претседателот Хосни Мубарак отстапи од лидерската позиција во февруари. Најмалку деветмина загинаа во престрелка помеѓу верници од христијанска и муслиманска вероисповест во главниот град на земјата. Поради инцидентот во Каиро, премиерот ја откажа посетата на државите во персискиот залив и свика вонредна владина седница. Немирите избија откако група муслимански верници влегла во христијанска црква, барајки жена за која тврделе дека преминала кон Ислам.