Почна петтиот Скопски маратон 2011

Во главниот град денеска почна петтиот Скопски маратон 2011. Годинава се трчаат три трки, хуманитарна во должина од 5 километри, полумаратон од 21,097 километри и маратон во должина од 42,195 километри. Маратонот и полумаратонот стартуваа во 9 часот, а трката на 5 километри стартуваше во 9:04 минути. Стартот и целта на сите трки е на плоштадот „Пела“. Покровители на маратонот се Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Делегацијата на ЕУ во Македонија, а организатори се Сојузот на спортови на Скопје, Атлетската федерација на Македонија и Атлетскиот клуб „Работнички“. Овој маратон е влезен во листата на Светската федерација на маратони и ќе се бодува за Светското првенство во атлетика во Јужна Кореја и за учество на Олимписките игри кои треба да се одржат во 2012 година во Лондон.