Вкупно 4.543 граѓани го провериле Избирачкиот список на интернет

Вкупно 4.543 граѓани ги провериле своите податоци во Избирачкиот список преку веб страницата на која е објавен за време на 96 локални акции што во сите општини ги спровеле регионалните центри на Граѓанската асоцијација МОСТ. Како што соопшти денеска асоцијацијата, проверката е извршена во периодот од 25 април до 4-ти овој месец, додека Избирачкиот список беше на јавен увид, а целта е подигање на свеста на граѓаните за нивните права и обврски. „Акциите на МОСТ се одвиваа на отворено, во време и на локација каде френквенцијата на граѓани е поголема. На овој начин им се даде можност на случајни минувачи да се проверат и во законски прошишаниот рок до 4 мај, доколку за тоа имало потврда, да побараат промена во Избирачкиот список во подрачните единици на Државната изборна комисија“ се вели во соопштението.