Двајца загинати во нападите на Талибанците во Кандахар

Двајца загинале а 29 се повредени во серијата напади на талибанските милитанти во градот Кандахар во југот на Авганистан, потврди гувернерот на истоимената провинција. Торјалаи Веса дополни дека освен пресрелки, во градот биле детонирани две автомобил бомби а шестмина милитанти се саморазнеле. Талибанците изјавија дека нивна цел било да ги нападнат сите владини згради во градот, најголемото населено место во југот на Авганистан. Од денеска на пладне милитантите извршија напади на канцелариите на гувернерот на провинцијата, канцеларијата на градоначалникот на Кандахар и штабот на разузнавачката служба, како и неколку полициски станици.