Формирано антикорупциско тело во Саудиска Арабија

Кралот Абдула

Властите во Саудиска Арабија формирале национална комисија за борба со корупцијата, јавија тамошните медиуми. Потегот следи по обвинувањата за корупција во кралството кое изобилува со извори на нафта. Комисијата би требала да има силни ингеренции за спречување и казнување на коруптивно однесување. Формирањето на институцијата се случува откако Кралот Абдула во март најави економски бенефиции тешки 100 милијарди американски долари.