Ештон за новиот претставник на ЕУ за Косово

Кетрин Ештон

Високиот претставник на Европакста унија за надворешна политика Кетрин Ештон ја поздрави одлуката на Советот на Унијата да го наименува Фернандо Џентилини за специјален претставник на Косово до 31 јули годинава. ,,Во својата привремена функција тој ќе изврши подготовка за засилено и долгорочно присуство на Косово во согласност со Лисабонскиот договор и со европската перспектива за целиот регион,, се наведува во соопштението на Ештон во кое таа му се заблагодарува на досегашниот претставник Питер Фејт за неговата работа на Косово.