Јеменскиот претседател не дава оставка

Јеменскиот претседател Али Абдула Салех

Јеменскиот претседател Али Абдула Салех на денешниот собир на неговите приврзаници во Сана изјави дека не ги прифаќа барањата на опозицијата за негова резигнација. Неговите забелешки доаѓаат ден откако опозицијата побара од соседните земји да го принудат Салех да го прифати планот за транзиција на власта во Јемен.