Во Брисел собир за слободата на медиумите на Балканот

Штефан Филе и Кетрин Ештон

Европската комисија денеска во Брисел организира конференција за проблемите во слободата на медиумите во Западен Балкан и во Турција. На собирот на кој учествуваат 400 претставници од регионот говореа еврокомесарот за проширување Штефан Филе и претседателот на Европскиот парламент Јежи Бузек. Тие, меѓу другото, оценија дека слободата на изразување е еден од темелите врз кои е изградена Европската унија и оти мора да се брани по секоја цена. ,,Државите на Западен Балкан и Турција на тоа поле се соочуваат со три основни проблеми, политички притисоци, економски притисоци и заплашување,, прецизира Филе.