Безвизниот режим за Македонија и Србија под прашалник

Безвизниот пристап за македонците и србите во Европската унија е ставен под прашалник откако Белгија и Шведска изразија загриженост за можни злоупотреби. Агенцијата ДПА јавува дека и во минатата година имало слични забелешки, но од владите на двете земји било побарано да интеревенираат со цел да го намалат енормниот број на азиланти. Само во март околу 190 граѓани на Србија побарале азил во Белгија. Бројот на баратели на азиланти од Македонија изнесувал 86. За овој проблем, според најавите, ќе се дискутира на состонокот на министрите за внатрешни работи на Унијата на 9 јуни.