Меѓуверски насилства во Пакистан

Најмалку пет луѓе биле убиени во денешниот напад врз припадници на малцинската шиитска муслиманска заедница во Пакистан. Според полицијата, напаѓачите отвориле оган и истрелале гранати врз група луѓе во градот Кета. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но полицијата се сомнева дека станува збор за милитантна група на сунитски муслимани кои и порано преземале слични акции.