Обама: Ако речеме нешто, не го забораваме

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека убиството на Осама Бин Ладен испраќа порака до Светот дека „ако речеме нешто, не го забораваме – го мислиме тоа што ќе го кажеме“. Обама ја даде изјавата при посетата на пожарникарската служба на Њујорк, организација која изгуби 15 членови во терористичките напади на 11 септември во 2001 година. Во пожарната има спомен обележје во чест на загинатите. Се очекува американскиот претседател да го посети местото на нападот и да се сретне со семејствата на жртвите.