Белгија бара привремено укинување на безвизниот режим со Србија

Белгија побара од еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром привремено укинување на безвизниот режим со Србија, а тоа го потврди и раководителот на делегацијата на ЕУ во Србија Винсент Дежер. Таквата одлука следи бидејќи Белгија, исто како и Шведска, Германија и Луксембург се соочи со бран на емигранти од Србија кои бараат политички азил. Поради, новонастанатата ситуација, министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ замина во посета на Луксембург по покана од тамошните власти.