Евакуирани 800 лица од Мисрата во Бенгази

Брод со бегалци од Мисрата, либијскиот град кој е под напад од лојалистите на Муамар Гадафи, пристигна во Бeнгази, населено место под контрола на бунтовниците. Меѓународната организација за миграција соопшти дека на бродот се наоѓале 800 имигранти од Африка и Азија како и 250 либијци. Од Тимот на меѓународната организација рекоа дека морале да остават стотици бегалци на пристаништето, кои се обидувале да избегаат од насилството. Меѓу евакуираните има 30 повредени. Мисрата е единственјиот град во западот на Либија кој е под делумна контрола на бунтовниците. Силите на Гадафи веќе два месеци го напаѓаат населеното место. Како што соопштија од Меѓународната организација за миграција, околу 13,000 луѓе биле спасувани со бродови.