Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц укажал во разговор со хрватските власти на зголемен национализам во Хрватска по изрекувањето пресуди за Готовина и Макрач, објави Јутарњи лист. Не е добро ако во Хрватска Судот се прифаќа како непријателски, а пресудите се политизираат, рече Брамерц кој како што наведува весникот, за време на вчерашната посета повторно изразил незадоволство поради реакцијата на хрватската Влада на пресудите.