САД и Италија со заеднички повик за крај на насилствата во Сирија

Соединетите Држави и Италија денеска повикаа на итно прекинување на насилствата врз демонстрантите во Сирија. Италијанскиот шеф на дипломатијата Франко Фратини, на заедничката прес конференција со американскиот државен секретар Хилари Клинот во Рим, изјави дека сиријскиот режим мора да започне дијалог со про-демократските демонстранти. Клинтон додаде дека властите во Сирија мора да ја запрат репресијата и оти Обединетите Нации веќе започнале истрага за насилствата. Во меѓувреме, сиријската армија започнала да ги повлекува трупите од градот Дара, кој беше центар на протестите, во кои се верува дека загинаа над 560 луѓе.