Бан Ки Мун бара крај на убивањата во Сирија

Бан Ки Мун

Шефот на ОН, Бан Ки Мун побара од сирискиот претседател Башар ал-Асад да стави крај на смртоносното расчистување со опозициските демонстранти, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН. Тој соопшти и дека Бан Ки Мун побарал сирискиот лидер да им дозволи на хуманитарните тимови на ОН да влезат во најпогодените градови од протестите и да соработувааат со Советот за човекови права на ОН кои ги истrажуваат насилствата за време на немирите во Сирија. Во меѓувреме сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека многу наскоро ќе стави крај на воените операции. Соопштението на претседателот дојде откако безбедносните сили спроведоа апсења низ целата земја. Активисти велат дека тенковите го зазеле централниот сириски град Хомс, откако таму беа одржани антивладини протести.