Убиството на Бин Ладен удар врз моралот на неговите следбеници

Хошјар Зебари

Ирачкиот министер за надворешни работи Хошјар Зебари изјави дека убиството на водачот на Ал Каеда Осама Бин Ладен од страна на американските сили е удар врз моралот на следбениците на Бин Ладен. Во интервју за германскиот весник "Франкфуртер алгемајне цајтунг" Зебари вели дека Бин Ладен "е персонификација на злото", и дека психолошкиот ефект од неговата смрт врз неговите следбеници ќе биде голем. Зебари вели дека Ирачаните се среќни што Бин Ладен е убиен. Според него шефот на Ал Каеда го добил тоа што го заслужил.