Меѓународниот кривичен суд ќе апси во Либија

Либија деновиве

Првиот обвинител на Меѓународниот кривичен суд побара издавање на три налози за апсење, како резултат на неговата истрага за криминал против човештвото во Либија. За сега не се познати имињата на лицата кои се бара да бидат уапсени. Луис Морено Окампо го информирал Советот за безбедност при Обединетите нации дека криминалот се уште се одвива. Тој прибрал изјави на очевидци, видео материјали и фотографии како доказни материјали за обвинението. Според Окампо, илјадници загинале во Либија од почетокот на немирите на 15 февруари.