Предложено продолжување на мандатот на германскиот контингент во Косово

Германската влада денеска донесе одлука да го продолжи за една година мандатот на својот контингент во Косово. Одлуката треба да биде одобрена од Бундестагот каде ќе се разговара за одлуката на Владата кон крајот на месецот, додека конечната одлука би требало да биде донесена до осми јуни. Германија во моментот има 1.100 војници на Косово, со што има најголемо присуство во редовите на КФОР. До крајот на годината нивниот број се очекува да биде намален на 900 војници.