Фридом Хаус за медиумите во Турција: Земјата се движи во погрешна насока

Турција се движи во погрешна насока во однос на слободата на медиумите, изјави експерт од невладината организација Фридм хаус, која во својот извештај за состојбата на слободата на медумите во светот минатата година забележа значителен пад на позицијата на земјата, пишува англиското издание на весникот „Хуриет дејли њуз“. Според извештајот на Фридм Хаус, Турција останува во категоријата делумно слободни земји според критериумот слобода на медиумите, но минатата година бележи пад од три поени. „Три поени се оценува како значителен пад. Минатата година видовме голем број возменирувачки тенденции во Турција и веќе се набљудува зголеменото употребување на законот против медиумите, особено на антитерористичките закони“ изјави Карин Дојч Карлекар, висок истражувач на организацијата. Според неа, тоа довело до автоцензура на турските новинари.