Буш ја отфрли поканата на Обама да го посетат Граунд Зеро

Џорџ Буш и Барак Обама

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш не ја прифатил поканата од претседателот Барак Обама да ја посети Њујоршката Граунд зеро во четврток за да ја одбележат смрта на лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен. "Њујорк тајмс " го цитира портпаролот на поранешниот претседател, Дејвид Шерцер, кој изјави дека Буш нема да присуствува на настанот. Белата куќа не ја потврди ни поканата ниту пак ја коментараше одлуката на Буш. Откако му помина мандатот Буш генерално е надвор од јавнниот живот.
Обама планира да го посети Граунд зеро, каде што на 11 септември, 2001 терористи на Ал Каеда со два киднапирани авиони ги урнаа кулите на Светскиот центар. Тој таму ќе се сретне со роднините на жртвите. Буш, за кого потрагата по Бин Ладен беше приоритет за време на неговиот мандат му ја честиташе на Обама акцијата во која Бин Ладен беше убиен.