Популарноста на Барак Обама порасна за 9 проценти

Популарноста на Претседателот Барак Обама порасна за 9 провенти во однос на минатиот месец по објавата до нацијата дека е убиен Осама бин Ладен. Според анкетите на Ју – ес - еј тудеј, Обама сега го подржуваат 56 насто американци.
Од друга страна, сега 6 од 10 американци стравуваат од одмазднички напади на Ал Каеда. Осама бин Ладен беше лидер на Ал Каеда терористичка организација одговорна за нападите врз САД на 11 септември 2001.