Годишнина од смртта на Гоце Делчев

Меѓународната манифестација „Гоцеви денови“ денеска организира програма по повод одбележувањето на 108 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. По тој повод ќе биде одржана панихида во црквата „Свети Спас“ во Скопје, на гробот на револуционерот, а ќе биде положено цвеќе на спомениците на Гоце Делчев на плоштад Македонија и во Градски парк.