Пакистан загрижен поради акцијата на американските командоси

Пакистан изрази загриженост поради акцијата на американските командоси во која на територијата на таа земја беше убиен Осама Бин Ладен и оценува дека такви еднострани и неодобрени акции веќе не би требало да се повторат. Ваквите акции ја поткопуваат соработката и претставуваат закана за мирот и за меѓународната безбедност, се наведува во соопштението на владата на Пакистан.
Пакистанското министерство за надворешни работи негира дека властите на таа земја однапред знаеле за акцијата и категорично демантира дека американските хеликоптери летнале од пакистански бази.