САД размислуваат дали да објават фотографија од телото на Бин Ладен

Фотографијата на телото на Осама Бин Ладен е ужасна, изјави портпаролот на Белата Куќа Џеј Карни, нагласувајќи дека американските власти сеуште не донесле одлука дали ќе ја објават. Ќе бидам целосно искрен- објавувањето на фотографијата на телото на Бин Ладен по престрелката е многу деликатна работа и сеуште ќе проценуваме дали е неопходно да го сториме тоа, рече Карни. Тој истакна дека е прашање дали објавувањето на фотографијата би било добро или лошо за интересите на САД.