Бугарија го отповика амбасадорот од Македонија

Тринаесетмина од вкупно 35 бугарски амбасадори денеска пристигнаа во Софија, отповикани поради тоа што соработувале со тајни служби. Како што јави дописникот на Радио Слободна Европа од Софија, портпаролката на бугарското Министерство за надворешни работи потврдила дека во првата група отповикани дипломати, меѓу другите, биле и амбасадорите во Скопје, Сараево, Белград, Атина и Букурешт, како и двајцата бугарски претставници во Обединетите нации и УНЕСКО.