Инвестициите на Катар во Грција не пропаднале, тврди власта

Јоргос Папаконстантину

Грчкиот министер за финансии, Јоргос Папаконстантину ја демантираше информацијата, која ја објави денеска весникот „Елефтеротипија“, во која се тврди дека пропаднале инвестиците на Катар за стариот аеродром Елиникон, кој фигурира на листата на Владата за објекти, кои ќе бидат проватизирани. Папаконстантину изрази зачуденост од „лекомисленоста“ и „несериозниот однос“ на авторот кој ги изнел тие тврдења во весникот, нагласувајќи дека преговорите со Катар за инвестирање во Елиникон се во тек и оти тие се во напредна фаза. Тој го означи како „голема грешка“ и евентуалното преструктуирање на долгот преку т.н. поткастрување на обврзниците, повторувајќи уште еднаш дека Владата е против таквото преструктуирање.