Осама Бин Ладен престојувал во Албанија, јавија медиумите

Убиениот лидер на терористичката организација Ал Каеда, Осама бин Ладен, според албанските медиуми, во Албанија престојувал во 1997 година. Албанија често беше посочувана како земја каде има ќелии на Ал Каеда, но властите остро го демантираа тоа се до 2000 година, кога тоа јавно го призна тогашниот премиер Илир Мета. Како што јави дописникот на МИА од Тирана, во Албанија престојувал и братот на сега првиот човек на Ал Каеда, Ајман ал-Завахири, Мохамед ал-Завахири кој неодамна, откако неколку дена бил на слобода, повторно беше уапсен во Каиро. Тој се смета за основач на движењето Исламски џихад во Албанија во 90-тите години.