Претседателот на Јемен со сите сили против демонстрантите

Антивладини протести во главниот град на Јемен, Сана

Претседателот на Јемен Али Абдула Салех изјави дека ќе се бори со сите средства против демонстрантите кои бараат тој да си замине од власта, по тридецениското владеење со земјата. Салех ги повика армиските офицери кои пребегаа на страната на демонстрантите, да престанат со „глупости“ и да се вратат на своите работни места. Тој претходно изјави дека ќе ја напушти функцијата, но по изборите кои треба да се одржат во јануари. Опозоцијата ја отфрли понудата на Салех, велејќи дека неговите намери не се искрени.