САД го осудуваат насилството од сириските власти

Антивладини протести во градот Дaра’а во југозападна Сирија

Белата куќа остро го осудува однесувањето на владата во Сирија кон демонстрантите и убиството на цивили од страна на безбедносните сили. Белата куќа ги повика сириските власти да ги почитуват правата на својот народ и соопштуваат дека оние кои вршат насилство мора да одговараат за своите постапки. Во меѓувреме, сириските власти соопштија дека ќе работат на подобрување на животниот стандард во услови на растечки немири во земјата.