Најавена ревизија на стари закони во Сирија

од немирите во Дара

Властите во Сирија денеска најавија ревидирање законот за вонредни состојби кој е на сила од 1963 година, како и подобрување на животниот стандард – сето тоа во услови на се` почести манифестации на незадоволство во земјата. Бутаина Шабан, советник за медиуми на претседателот Башар Ал Асад, најави формирање на комисија чија примарна цел би била подобрување на животниот стандард. Ќе се ревидира и легислативата за лиценцирање на политичките партии. Најавите следат откако околу 20,000 луѓе се собраа денеска во градот Дара на погребалните церемонии на жртвите од демонстрациите во вторникот. Активистите за човекови права ги прозваа безбедносните сили во земјата за убиство на 100 демонстранти во немирите со кои се бара оставка на претседателот, чија партија владее со земјата веќе 40 години.