Два земјотреси го погодија Мјанмар, нема информации за штети

По Јапонија, потреси го удрија Мјанмар

Два земјотреси со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала го погодија Мјанмар денеска. За сега нема информации за штети или жртви. Потресите биле почувствувани до Банкок, потврдија од Американската агенција за мониторинг. Епицентрите на земјотресите биле одалечени од приморјето и не предизвикале цунами бранови, соопштија од Пацифичкиот центар за тревожење.