СДСМ со предлог план за предвремени избори на 26 јуни

Бранко Црвенковски

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска објави предлог план со кој предвремените парламентарни избори би се одржале на 26 јуни. Опозицијата бара до тогаш да се измени составот на избирачките одбори, односно претседателот да биде од редот на државната администрација и по двајца членови од опозицијата и власта. Партијата дополнително бара воспоставување на Комисија за прочистување на избирачкиот список како и Закон за распределба на буџетски средства за медиуми преку две алтернативи или преку критериум на еднаквост на медиумите по статус или преку критериум на рејтинг. Во однос на одблокирањето на сметките на А1 телевизија и весниците Шпиц, Време и Коха е ре, СДСМ бара гаранција дека УЈП нема да донесува нови одлуки за случајот до завршувањето на изборите. СДСМ го повлече барањето за загарантирани места за пратеници од помалите етнички заедници. Според Црвенковски доколку до рокот не бидат прифатени сите барања, тогаш Груевски ќе ја принуди опозицијата да ги бојкотира изборите.