Ставен во мирување штрајкот на Македонски железници Транспорт

Синдикатите во Македонски железници Транспорт АД Скопје денеска соопштија дека ја ставаат во мирување одлуката за штрајк, откако од менаџерскиот тим добија ветување дека ќе им бидат исполнети поставените барања. На преговорите што се воеда во изминатите два дена, синдикалците и менаџерскиот тим се договориле на почетокот на следниот месец да почне изготвување на колективен договор, што ќе биде усвоен и потпишан по меѓусебни консултации. За барањето за зголемување на платата, односно враќање на 10 проценти што се исплаќаа по квалитет, кои според Синдикатот биле одземени не по вина на вработените, било ветено исполнување кога превозот ќе почне да се зголемува барем 2-3 месеци последователно.