Лекарската комора не сака закон пред избори

Лекарската комора на Македонија ја поддржува идејата за донесување на новиот закон за здравствена заштита, но е против тоа да се направи во овој предизборен период. Претседателот на Комората Владимир Борозанов на денешната прес-конференција рече дека донесувањето на новата легислатива бара сериозен пристап и, дополни дека иако има добри решенија во досегашното работење, има и решенија во негативна смисла кои се однесуваат на ограничувања на јавните овластувања на Комората, обемот на самостојност, неадекватниот третман на докторите и плаќањето по учинок.